GOMMAGE P50 CORPS 200 ml
Gommage P50 Corps: Овој третман за побудување на иницијацијата го засилува подготвувањето на кожата на телото така што комбинираната придобивка од двојната ексфолијација на епидермисот (и механичката и биолошката) ја пружа во еден производ со кој се создава нова кожа. Извонредно е делотворен на изразито кератинизирана кожа. За чувствителна кожа, гелот користете го само на грубите места, како што се лактите, колената и петиците. Gommage P50 Corps е раскошен гел богат со лосионот Lotion P50. Содржи природни зрна и е формулиран така што делотворно да го ексфолира и стимулира епидермисот на сите делови од телото. Неговата формула е богата со алфа, полиалфа, бетахидрокси киселини, како и хидратантни и регенеративни активни состојки коишто се нарочно изберени за да овозможат нежна биолошка ексфолијација, нежно отстранувајќи ги мртвите клетки од кожата на телото и збогатувајќи го епидермисот со моќни антиоксиданти. Зрната од столчените оревови јатки овозможуваат посилна механичка ексфолијација на грубите места и го подобруваат квалитетот на ексфолијацијата. Гелот содржи хидратантни состојки, како што се хијалуронска киселина, и есенцијални масни киселини, како што се памуково масло и арганово масло, кои ја рекондиционираат кожата и го стимулираат клеточното обновување, при тоа почитувајќи го балансот на Вашиот епидермис. Третманот ја прави Вашата кожа прочистена, сјајна и мека и подготвена за наредниот производ на Biologique Recherche.